Одлуките од седницата на собранието на СКСЗМ

  Врз основа на Статутот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (член 14 и член 12), Собранието на СКСЗМ на седницата одржана на 26 јануари 2013 година, донесе одлука за избор на 65 члена, со мандат во период од четири (4) години.
   Исто така, во согласност со Статутот (член 14 и член 13), Собранието ја усвои одлуката за избор на нови членови на Управниот Одбор и Надзорниот Одбор.
    За нови членови на Управниот Одборот се избрани: Ељита Маша (Woodrow Willson од Брвеница, Тетово), Рамазан Бајрами (Бујарија, Кичево), Ули Марку (UFS – Western Union, Скопје) и Неби Хоџа (Смарагд, Скопје).
  За нови членови на Надзорниот Одбор се избрани: Филор Мерсими (Игнација Стил, Битола), Ибрахим Исљами (Mетаљекс, Тетово), Реџаиљ Мустафа (Љами Форм, Куманово), Агим Ќерими (Гипс Имобиљија Дизајн, Скопје), Мухарем Муртезани (Алма М, Скопје) и Џемаиљ Рамадани (Кондово, Скопје).

Comments are closed.