ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Оглас за вработување

За потребите на проектите и нејзините активности, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, објавува оглас за вработување за долунаведената позиција:

  1. Проектен Асистент и Односи со јавност (1 позиција)

Заинтересираните кандидати за објавената позиција, покрај условите предвидени со законските одредби на Република Северна Македонија, треба да ги исполнуваат и следните услови:

Општи квалификации:

  • Универзитетска диплома по економија, општествени науки, комуникација и односи со јавноста;
  • Познавање на официјалните јазици во Северна Македонија и англиски, додека познавањето на други јазици ќе се смета за предност;
  • Да има одлични компјутерски вештини (Microsoft Office пакет и Интернет);
  • Познавање на трендовите во полето на дигитален маркетинг.

Работно искуство:

Работно искуство од најмалку 2 години и искуството во имплементација на проекти ќе се смета како предност.

Потребни вештини

  • Да има комуникациски и аналитички вештини;
  • Одлични интерперсонални вештини;
  • Организациски вештини;
  • Способност за самостојно и тимско работење.

Должности и одговорности:

  • Асистент на проектот P4G;
  • Подготовка на месечни и квартални проектни извештаи;
  • Асистирање во секојдневните активности на Извршната канцеларија;
  • Администрација на објаци на веб-страницата и социјалните мрежи на Комората;
  • Подготовка на вести и текстови за активностите на Комората како и тие во склоп на проектите;
  • Превод на вести и текстови за објавување на Интернет и социјалните мрежи;
  • Подготвува прес-клипинг;
  • Да врши други дополнителни работи, на барање на Извршниот директор.

Времетраење:

Позицијата за Проектен Асистент и за Односи со јавноста не е определена. Избраниот кандидат ќе ја помине пробната работа од 3 месеци.

Постапка за аплицирање:

За објавеното работно место, Ве молиме да го испратите вашето CV и мотивациско писмо на албански и англиски јазик, како и докази за потребните образовни квалификации, работно искуство, посетени курсеви и препораки (на оригиналните јазици) до канцелариите на СКСЗМ, по пошта на адресата Димитрија Чуповски бр.13, 1000 Скопје Северна Македонија или по е-маил: info@oemvp.org.

Аамо кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.

Конкурсот ќе биде активен 7 дена од датумот на објавување.

Документите доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.