Оглас за вработување – Проектен Менаџер

Фондацијата за развој на образованието и култура Даути од Скопје, за потребите на проектот “Финансиска одржливост на граѓанските организации преку соработка со деловниот сектор” кој ќе се спроведува од 23 ноември 2015 до 22 мај 2017 година, ко-финансиран од страна на Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамки на Министерството за финансии на Република Македонија, објавува оглас за Проектен менаџер.

Локација: Скопје

Времетраење на ангажманот: 18 месеци (полно работно време)
Клучни работни обврски:
Главна задача на проектниот менаџер е да обезбеди ефикасна и ефективна имплементација на проектот, согласно временската рамка и предвидените цели, преку:

  • Анализа и известување за развојот и имплементацијата на проектот;
  • Интензивна комуникација со проектниот тим, донаторот и партнерот, Стопанска Комора
    на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ);
  • Следeње на сите активности, буџетот и трошоците на проектот;
  • Изработување на периодичен, годишен и финален програмски извештај за проектот;
  • Учество во периодична, годишна и крајна евалуација на проектните активности и резултати.

Потребни квалификации:

  1. Завршено високо образование;
  2. Минимум 3 години работно искуство во раководење со проекти финансирани од меѓународни  донатори;
  3. Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена професионална кореспонденција);
  4. Искуство во проекти финансирани од ЕУ, организирање на настани и искуство во соработка со граѓански организации и деловниот сектор ќе се смета за предност.

Сите заинтересирани треба да поднесат:
1. Копија од универзитетска диплома;
2. Кратка биографија;
3. Детали од работните обврски по позици во последните 3 години;
4. Писмо за мотивација;
5. Референци од претходни работни места.
Вашите апликации и потребната документација можете да ги испраќате на следните електронски
пошти: info@fondacionidauti.org и еxecutive@oemvp.org најдоцна до 27.11.2015 година до 15:00 часот.

Само кандидатите кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 30 ноември 2015 година.

Comments are closed.