ОГЛАС за ангажман на Консултантска куќа
Проектот финансиран од УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, кој се имплементира од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска Комора на Македонија, Стопанска Комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори на Македонија, има потреба од ангажман на Консултантска куќа за изработка на работна верзија на Предлог Закон за практикантска работа, во соработка со Министерство за труд и социјална политика на Р. Македонија.
Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ финансиран од страна на УСАИД. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Договорот со избраниот понудувач ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.
Предмет на договорот за набавка е изработка на работна верзија на Предлог Закон за практикантска работа.
Временскиот период за изработка е од декември 2017 година до мај 2018 година.
Сите заинтересирани ги покануваме да аплицираат со испраќање на електронска порака со назначување на името на правното лице и лицето за контакт, најдоцна до 28.11.2017 година (по локално време) на следната електронска адреса: asutoglu@epicentar.mk. На сите заинтересирани кандидати кои ќе ги достават бараните информации, ќе им биде доставена тендерската документација заедно со техничките спецификации. Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса.
Критериуми за утврдување на способност на понудувачите се:
1. Лична состојба Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на Договорот.
2. Техничка или професионална способност – Да има учествувано во реализација на проекти поврзани со изработка на предлог закони или подзаконски акти – за предност ќе се смета искуството од областа на трудовото право;
– Да има искуство во анализа и пишување на законски текстови; – Да има изработено студии поврзани со анализа и компарација на законски прописи; – Да има искуство во обработка и анализа на анкети и составување извештаи; – Во својот тим треба да предвиди вклучување на минимум 3 (тројца) консултанти – експерти – ангажирани на база на ексклузивитет;