Овластен економски оператор

Претставници од Царинската Управа на Република Македонија, на чело со директорот г.Ѓоко Танасоски, пред компаните членки на СКСЗМ, направија презентација и дискутираа за сите прашања поврзани со статусот овластен економски оператор.

За да може царината во државата да функционира правилно, секогаш мора да има координација помеѓу царината и деловната заедница.

Статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Стекнувањето на статусот овластен економски оператор претставува сертифицирање на трговското друштво, како сигурен и безбеден партнер на Царинската управа и сигурен и безбеден партнер во меѓународниот и регионалниот синџир на снабдување. Штом ќе станете ОЕО, во меѓународната заедница ќе бидете препознатливи како кредибилен бизнис партнер.