„Објектот „Ц” на Универзитетот Мајка Тереза е прогласена за споменик на придонесот на СКСЗМ: Образованието и работната цила во фокус”
Денес, на 27 декември 2023 година, среда, Претседателот на СКСЗМ, г-дин Mendi Qyra, Извршниот Директор и членки од раководството на Комората беа присутни на годишната средба на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје.
По поканата на Ректорот г-дин Изет Зеќири, на средбата присуствуваа и многу релевантни фигури од бизнисот и академската област, додека Ректорот Зеќири изрази благодарност кон СКСЗМ и Претседателот г-дин Менди Ќура за нивниот придонес во изградбата на објектите на кампусот на Универзитетот.
Во своето обраќање, Претседателот Ќура изјави дека СКСЗМ и нејзините членки се спремни да придонесуваат и да се вклучат во подобрувањето на секој аспект на образованието, сметајќи го нивниот придонес како долгорочна инвестиција во формирањето на квалитетни и квалификувани кадрови. Тој исто така истакна дека СКСЗМ сега објави војна против миграцијата на младите, бидејќи овој негативен феномен во нашето општество сè уште се зголемува. Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ќе се ангажира за создавање на подобрa бизнис-околина, што ќе овозможи повисоко ниво за работната сила, додека истовремено академските институции, односно Универзитетот “Мајка Тереза”, ќе придонесе во формирањето на овие кадрови.
Од СКСЗМ придонес дадоа компаниите Trim & Lum, Dauti Komerc, Euro Aktiva, ZSF KOM, Groteks Gradba, Makkos, Benton Ni и Renova.
Заедно со ректорот Зеќири, претседателот Qyra ја претстави плакетата за објектот “Ц”, каде беше истакнато признанието на Универзитетот кон СКСЗМ за нивниот придонес во изградбата на истиот.
СКСЗМ во иднината ќе продолжи да промовира и да работи за образованието и формирањето на соодветна работна сила како основа на секое општество и економија.