Обуките можност за идно вработување на жените
Од Ноември 2012 година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Здружението за Локален Рурален Развој и Агенцијата за Регионален Развој Сенек-Пезинок, го спроведува проектот: “Образование, Вработување и Еднаквост за жените од етничките заедници”, финансиран од страна на Европската Унија.
Во текот на Јуни и Јули 2013 година, по прелиминарните идентификувани потреби на жените преку прашалници и интервјуа и подготовка на профили за секој од нив, беше реализирана обука за изградба на капацитетот на жените во областа на бизнис и претприемништвото.
Обуките беа спроведени во четири региони, вклучувајќи го Полошкиот регион (Боговиње и Брвеница), Скопскиот регион (Сарај, Чаир и Арачиново), регионот на Струга и Кичево, и резултираше со подобро искуство за сите учесници. За ова, ние им се заблагодаруваме на соодветните општински работни групи кои се ангажираа и помогнаа за овие обуки, исто така, и обучувачите заедно со локалните експерти кои имаат дадено значаен придонес, и она што е повеќе од витално значење за најважниот успех, се самите учеснички на кои им честитаме за посветеноста, ангажирањето и активното учество во обука.
Обучувачите од Словачка, за време на обуките, дојдоа до заклучок дека нема многу формални пречки за жените да бидат претприемачи или да бидат во водечка позиција во претпријатието, или да бидат вработени, но за разлика од формалните пречки, има повеќе социо-културни бариери кои ги спречуваат жените да се вклучат во бизнис или да се вработат.
Главната придобивка од оваа обука се зајакнати капацитети (знаења и вештини) на жените од етничките заедници во руралните области, во однос на идентификување на проблемите, потребите и приоритетите на жените во заедницата.
Обука во Полошкиот регион: 03 Јуни – 07 Јуни 2013
Обука во регионот на Струга: 10 Јуни – 14 Јуни 2013
Обуки во Скопскиот регион: 17 Јуни – 21 Јуни 2013
Обуки во регионот на Кичево: 03 Јули – 05 Јули 2013
Околу 80 учеснички добија сертификати за обука за подобрување на работните вештини, која се состоеше од теоретски и практичен дел, каде што тие се добија со вештини како да се идентификуваат потенцијалните работодавци, да подготват квалитетна биографија и спроведување успешно интервју за работа.
Еден дел од обучените учеснички ќе имаат можност да реализираат и практична работа кај нашите компаниите членки на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, а потоа можат да продолжат со спроведување на своите идеи преку првиот пилот рурален инкубатор, кои ќе се отвори во Полошкиот регион, односно во општина Боговиње, кој ќе обезбеди услуги и бесплатни совети за сите жени кои сакаат да се самовработат или да ги унапредат своите постоечки бизниси.
За повеќе информации во врска со обуките контактирајте нa fatima.vela@oemvp.org
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија | Здружение за локален рурален развој | Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок |
Проектот е финансиран од Европската Унија
This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.
Comments are closed.