Обука за законската регулатива на животната средина во функција на развојот, промовирањето и конкурентноста на компаниите
15 Март 2018 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска организираше информативна средба во врска со законската регулатива во областа на животната средина во функција на развојот, промовирањето и конкурентноста на компаниите.
На средбата учествуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животната средина на Република Македонија како и претставници на УСАИД и други експерти на областа.
Претставниците имаа можност да дискутираат околу регулативата за животната средина, законот за управување со електрична и електронска опрема, законот за управување со батерии и акумулатори со што презентираа конкретни предлози за наоѓање на соодветни решенија.
Информативната сесија се организира во соработка со Стопанската Комора за Информатички и Комуникациски Технологии (МАСИТ), Стопанската Комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери со проектот на УСАИД “Партнерство за подобра деловна регулатива”.