Обука ”Заштита на трговските марки и патенти на бизнисите во прекукраничната зона”
Ова обука се организира во рамки на проектот Заштита на марките на производите од прекуграничната соработка, проект кој е предводен од страна на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Државниот Завод за Индустриската Сопственост, финансиран од страна на Европска Унија.
Обуката ја отвори Извршниот Директор на СКСЗМ, Агрон Арслани, а понатаму следеа преѕентациите на претставникот на Државниот Завод за Индустриска Сопственост, г-дин.Али Асани, експертот за трговски марки Дрита Калиси и Емира Асани Јусуфи, адвокат експерт за заштита на марките со патент. Тие детално ги објаснија процедурите, правните норми, правата и одговорностите што произлегуваат од заштитата на трговските марки.
Во рамки на вториот ден на обуката ќе бидат преѕентирани административните процедури за заштита на марките и пополнувањето на апликацијата како и административните процедури за заштита со патент.
Главната цел на проектот, односно обуката е да се подига свеста на компаниите од прекуграничниот регион за индустриска заштита како и можност за опстанување во пазар при ваква немилосрдна глобална конкуренција.
Проектот има за цел, да ги приспособи и да ја подига свеста на компаниите околу потребата за индустриска заштита на нивниот труд, односно нивните производи со сертификат на трговска марка со географски назив од областа што ја карактеризира проиѕводот со квалитет и релевантни карактеристика на географската област.
Овие два цели се тесно поврзани со главната и специфичната цел на Програмата за економски развој на прекуграничната област преку промоција и брендирање на регионалните производи и услуги.
Обуки од овој вид се малкубројни во земјата, така да и организаторите и посетителите на обуката, ја оценија обуката како многу корисна.
Comments are closed.