Нова законска обврска во врска со Е-Данокот
Во пресрет на новата законска обврска за ДДВ за задолжително користење на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk која стапува на сила од 2013 година, само 178 ДДВ обврзници досега ги презеле сите неопходни активности за да можат електронски да поднесуваат ДДВ-пријави и даночни биланси за данок на добивка до УЈП, односно истите се регистрирале со Дигитален сертификат на USB токен.
Први кои треба да отпочнат со задолжително користење на е-Даноци од 1 јануари 2013 година, се 4595 месечни ДДВ обврзници, од кои во моментот само 98 се во целост подготвени да ги поднесуваат даночните пријави преку etax-fl.ujp.gov.mk. До крајот на месец Декември, обврска да се прилагодат на новиот систем имаат уште 2855 месечни ДДВ обврзници, односно 1642 месечни ДДВ обврзници кои воошто не се регистрирани на е-Даноци.
Бидејќи станува збор за новина во даночното работење (кликни тука), апелираме месечните ДДВ обврзници навреме и во предвидените рокови да ги преземат сите неопходни чекори за користење на електронските услуги на УЈП. Во спротивно постои ризик од 1 јануари да не можат да пријават ДДВ и данок на добивка во УЈП.
За практична примена на е-даночните услуги, УЈП секој месец организира обуки и советувања за даночните обврзници низ цела Македонија. За повеќе информации во врска со обуките и сите други прашања поврзани со е-Даноци, фирмите и сметководтствените бироа можат да се обратат во Инфо центарот на УЈП 0800 33 000.
Comments are closed.