НДП ја објави економската платформа пред членките на СКСЗМ
Денес, 18 април 2014 година, Национана Демократска Преродба, предводена од претседателот проф. Д-р Руфи Oсмани, ја потпиша платформата за економски развој на северо-западна Македонија 2014-2018, подготвена од СКСЗМ.
Претседателот Османи истакна дека ја потпишуваме оваа платформа подготвена од СКДСЗМ како вистинска програма, со што потврдуваме дека ја прифаќаме и ја подржуваме истата.
Претседателот Мендерес Кучи, како домаќин на оваа средба, рече дека оваа средба сега се претвора во традиција со политичките партии пред изборите.
Нашата платформа е конкретна и остварлива, имаме чест да ве имаме вас денес НДП, партија која ја сведочеше себеси во собранието, каде поголемиот дел од времето и го посвети на стопанството.
Оваа платформа во себе содржи: РЕФОРМИ ВО ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ; ВРАБОТУВАЊЕ; РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ; ИНФРАСТРУКТУРА; ЕНЕРГЕТИКА; РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ; ЗОНИТЕ ЗА ТЕХНОЛОШКИ И ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈ; ЗЕМЈОДЕЛСТВО; ЗА КОМОРИТЕ И ОПШТО.
Платформата подготвена од СКСЗМ е испратена до сите албански и македонски политички партии на власт и опозициски, кои се натпреваруваат за парламентарните избори 2014 и истовремено од нив се бара со актот на потпишување да ја инкорпорираат истата во нивните економски програми.
По потпишувањето на економокста платформа, структурите на НДП, предводени од претседателот Руфи Османи и Изет Зеќири, пред бизнисмените членки на СКСЗМ ја објавија нивната економска платформа.
Претседателот Османи говореше околу макро економијата, додека д-р Изет Зеќири на детален начин го објаснуваше делот за микро економијата од програмата.
Вашата платформа и нашата програма имаат многу заеднички делови, но и разлики за кои во иднина ќе треба заеднички да се разговара и да се подготви еден заеднички документ за економски развој, истакна претседателот Османи.
Средбата беше затворена со прашања и дискусии меѓу бизнисмените членки на СКСЗМ и претставниците на СКСЗМ.
Comments are closed.