НВО бараат заедничка соработка со бизнис секторот

23 Март 2016 – Со средбата во Скопје, одржана во просториите на хотел Арка, каде што Фондацијата АЛБИЗ и Стопанската комора на Северо – Западна Мaкедонија (СКСЗМ) го презентираа проектот “Финансиската одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот”, финансиран од Европската Унија, се заклучи првата фаза на проектот. Извршниот директор на СКСЗМ, Фатмир Битиќи и извршниот директор на Фондацијата АЛБИЗ, Илир Идризи, ги презентираа нивните организации и потоа дадоа клучни информации за целите кои настојува да ги постигне овој проект, како и предвидените активности кои ќе се превземаат во следните месеци. После презентацијата следеше отворена дебата кадешто НВО ги споделија нивните искуства во врска со соработката со бизнис секторот. НВО изјавија дека соработката од овој вид е најпотребна и дека таквата иницијатива отсуствувала во Р. Македонија, каде позади овој проект стои една Стопанска комора со 1800 компании членки, како и една Фондација позади која стојат 22 компании донатори. На дебатата се дискутираа многу прашања како што се: Законот за донации и спонзорства , Законот за социално претприемништво, можноста да НВО се занимаваат со стопански активности, од кои можат да генерираат приходи и сл. НВО беа задоволни поради тоа што корпоративната општествена одговорност на компаниите се зголемува се повеќе, но сеуште нашите компании не се добро запознаени со законот за донации и спонзорства и придобивките кои можат да ги имаат помагајќи го граѓанскиот сектор. Причината за ова може да биде дека тие сеуште имаат аверзија кон институциите и транспарентноста на НВО. Сите присутни претставници на НВО изјавија дека постојат многу аномалии во овие закони кои ја забрануваат и ја оневозможуваат соработката помеѓу овие двата сектора.

Затоа, целта на проектот е во една маса да се приклучат овие две сектори и да дискутираат и воедно да се запознаваат со начините на соработка кои ќе им служат и ќе имаат позитивен ефект за двете страни. Да се работи на зголемувањето на соработката на НВО со бизнис секторот, со цел да ги развие капацитетите на НВО за генерирање на приходи и подобрување на застапеноста и лобирањето.

Comments are closed.