Национална Награда за најдобри општествено одговорни практики
– Oдноси со вработените
– Eтичко управување
– Односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите
– Заштита на животната средина
– Вложување во заедницата
Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии, а статуетки и признанијата ќе им бидат врачени на свечена церемонија која ќе се одржи на 18 април, 2013 година. Покрај ова, едно големо и едно мало или средно претпријатие што ќе бидат највисоко оценети и ќе достават потврда од партнер-непрофитен субјект за остварената соработка, за постигнатите резултати во Македонија и за општествената корист од практиките на претпријатието ќе бидат промовирани на европско ниво во склоп на „Европскиот систем за наградување на ООП“. Овие две претпријатија ќе бидат претставени во публикација за најдобри општествено одговорни практики во 28 европски земји, во краток видео запис, како и на церемoнија во Брисел организирана во јуни 2013 г. од Европската комисија. Под партнерство со непрофитен субјект се подразбира соработка со правно лице кое не е создадено за остварување профит – на пр. здружение на граѓани, фондација (освен фондација основана од претпријатието-апликант), орган на државната управа, спортско здружение, Црвен крст на РМ, итн.
Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории;
Големината на буџетот вклучена во одредена практика не е одлучувачки фактор, туку идејата и квалитетните проекти, како и постигнатите резултати;
Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии;
Сите апликации, материјали и податоци ќе бидат третирани како доверливи.
Годинава Националната Награда е дел од иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем на наградување на општествена одговорност на претпријатијата“, која во Македонија ја спроведува Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.
и Насоките за аплицирање може да ги најдете на www.cbcsr.mk или на www.economy.gov.mk.
Ве молиме да ги доставите вашите пријави преку електронска пошта на адреса: beti.popova@economy.gov.mk со забелешка: Пријава за Национална награда за општествено одговорни практики или по пошта (во затворен плик) со забелешка: Пријава за Национална награда за општествено одговорни практики за 2012 на адреса: Министерство за економија на РМ, ул „Јуриј Гагарин“ 15, 1000 Скопје.
Пријавите се примаат најдоцна до 11-ти март 2013 година, до 15:00 часот.
Информативна сесија
Национална награда за најдобри општествено одговорни практики
на македонските претпријатијата за 2012 година
ЕУ Инфо центар
(Зграда на Делегација на ЕУ во Скопје, Мито Хаџивасилев Јасмин 52в)
26 февруари 2013 г. (вторник)
Дневен ред за настанот
13:45 – 14:00 |
Регистрација на учесниците |
14:00 – 14:05 |
Претставување на Европскиот систем на наградување на општествената одговорност на претпријатијата Елизабета Георгиева, Претставник на Делегација на ЕУ |
14:05 – 14:15 |
Презентација на Националната награда за општествено одговорни практики Александар Николов, Претседател на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата |
14:15 – 14:25 |
Претставување на формуларот за аплицирање и на често поставувани прашања Маја Ќурчиева, Раководител на Секторот за поттикнување инвестиции |
14:25 – 15:00 | Прашања и одговори |
Comments are closed.