Научна дебата на УТ- Исени: Нашата земја нема национална економска стратегија
Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дриљон Исени беше еден од учесниците на дебатата организирана од Универзитетoт во Тетово на тема „Економските предизвици во постпандемискиот период “.
Во својот говор, Исени ги претстави ставовите на СКСЗМ и нејзиното членство, истакнувајќи ги аномалиите на нашата економија кои истата ја прават поранлива во овој период од кризни бранови.
Тој, исто така, спомна дека на нашата земја и недостига национална економска стратегија која ќе го определи економскиот пат на земјата, но го истакна и фактот дека имаме ниска стапка на производство и извоз што дополнително го отежнува надминувањето на кризите.
Исени, меѓу другото, рече дека и во време на криза на инфлација и енергетика треба да се продлабочи соработката меѓу институциите и бизнисот, бидејќи во поразвиените земји тоа се случува и како пракса се покажала добра и ефикасна.
Во оваа дебата учествуваа и истакнати личности од академскиот и економскиот свет кои дискутираа врз овие теми на пандемиската криза, инфлација и енергетската криза кои претставуваат предизвик за економиите на глобално ниво, а не само на регионално.