Можност за учество во “Сарајево Бизнис Форум 2012”
Од 16 до 18 мај 2012 година ќе се организира Третата Меѓународна Конференција за Инвестиции , “Sarajevo Bussines Forum 2012” (“Сарајево Бизнис Форум 2012”), во Сараево. Организаторите на конференцијата се Bosna Bank International Sarajevo (BBI), во соработка со меѓународните партнери, под покровителство на Министерството за надворешни работи на Босна и г-дин. Бакир Изетбеговиќ.
Конференцијата ќе биде три дена, првиот ден ќе се одржи пленарна седница каде што поздравен говор ќе имаат повеќето важни личности, и во продолжение на конференцијата ќе бидат презентирани проекти од различни области, каде бизнисмените ќе имаат можност за размена на искуства со бизнисмени од Босна и други инвеститори.
На конференцијата ќе присуствуваат сите земји од регионот, вклучувајќи: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Романија и Бугарија.
На “Sarajevo Bussines Forum 2012” ќе бидат понудени и проекти од инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството, градежништвото, образованието, финансии и индустрија.
Покрај претставниците на бизнисите кои што ги споменавме погоре, на конференцијата ќе бидат присутни и претставници на босанската влада, локалните политички партии и бизнисмени од Северна Америка, Европа и Азија.
Од претходното искуство, во оваа конференција се презентирани повеќе од 300 проекти, со кои се привлечени повеќе од 600 меѓународни инвеститори и 600 локални и регионални бизнисмени од 40 различни земји.
Comments are closed.