Home / Вести / Последни вести / Можност за проширување на регионалната соработка

Можност за проширување на регионалната соработка

Можност за проширување на регионалната соработка

Денес во СКСЗМ се одржа средба помеѓу Косовската Комора на Бизнис, каде што присутен беше претседателот г-дин Скендер Красниќи, како и делегацијата на ККБ, додека присутни од страна на СКСЗМ беа претседателот г-дин Неби Хоџа и делегацијата на Комората. Имајќи го во предвид фактот на многуте економски и политички настани во регионот, многу е важно да се воспостави соработка помеѓу различните соседни институции, со што тоа ќе влијае на благосостојбата на регионалната економија.

Истотака, во Косово и во Македонија, има многу производители на кои им е тешко да продрат низ големите глобални пазари и затоа еден од единствените начини за нивно напредување е да се воспостави столб на соработка помеѓу различните општински и централни државни институции. Исто така беше разговарано за можноста за одржување на заеднички состанок помеѓу ККБ и СКСЗМ, каде што ќе бидат присутни различни компании и можноста за реализација на многу заеднички активности.