Мобилизација на фондови за претпријатијата

11721190_10153167049634865_96152517_n_466226908

Во рамки на проектот на Македонската Фондација за Развој и Претприемништво (МРФП), се одржа обука за мобилизација на фондови на претпријатијата, и се дискутираше околу финансиската одржливост и ликвидноста на претпријатијата за да бидат способни да генерират задоволителни фондови за работа, со цел достигнување на нивната мисија.

За да се постигне финансиска одржливост, претпријатијата треба да имаат повеќе од еден извор на финансисрање, со цел генерирање на повеќе приходи, да изработат редовни оперативни и стратешки планови, познавање на финансискиот систем, добар изглед на компанијата надвор, како и јасна визија и мисија.

На обуката беа презантирани и можностите за добивање на алтернативни фондови и пристапот до европските фондови за развој и инвестициски можности.

Comments are closed.