Министерот за економија го покани на работен состанок Претседателот на СКСЗМ
На состанокот Министерот ги запозна претседателите на трите стопански комори со целите на Министерството за економија во насока на подобрување на климата за водење бизнис, каде им вети целосна поддршка во сите сфери кои се под негова надлежност.
Министерот ги истакна неговите очекувања од стопанските комори, задолжувајќи ги истите со задачата на “директни креатори на економските политики„. Тој предложи сите заедно да работат на детектирање на недостатоците, како и изготвување на Акционен план за начинот и времетраењето на решавање на сите проблеми, воедно повикувајќи ги да гледаат на Министерството како на заеднички дом, во кој сите заедно ќе работат во насока на подобрување на економијата во Република Македонија.
Тој се заложи за лобирање и остварување на барањата на стопанските комори, кои ќе бидат аргументирано предложени, реални и срповедливи.
Трите претседатели на стопанските комори, изразувајќи благодарност за поканата и понудената поддршка, побараа од Министерот разјаснување на условите кои домашните компании треба да ги исполнат за да влезат во развојните индустриски зони.
Во врска со прашањата на кои ќе треба да се работи во наредниот период, тие го предложија изнаоѓањето начини на мотивирање на граѓаните да ги инвестираат средствата кои им се депонирани во банките, а чиј износ е над 4.3 милијарди евра, како и долготрајноста на судските постапки.
По предлог на Министерот, сите се согласија да се одржуваат редовни месечни средби, за да се елиминираат сите бариери заради подобрување на бизнис климата во земјава.
Comments are closed.