Меѓународен саем за мебел

  На Скопскиот саем почна јубилејното 40-то издание на Меѓународниот саем за мебел со околу 180 домашни и странски компании, 430 претставници кои ги претставуваат своите производи во шест изложбени сали и три помошни простории. Од Скопски Саем рекоа дека за 20 проценти е зголемен бројот на домашните производители и дека ова е саем со рекорден број на учесници и рекорден број на посетители. Освен од Македонија учествуваат и компании од Италија, Словенија, Хрватска, Србија и Турција. 
  СКСЗМ го посети саемот со свои претставници, како и изложба наречена “СЈАЈНО” – Обликување на светлината на шведски начин.
  На овој саем како локални компании учествуваа и компаниите членки СКСЗМ како: Молика, Meталекс, Интер Фантазија, Кети ТЕКС, SAхем Хромос, Интер Mобел и други.

Comments are closed.