Меморандум за соработка со ТБАА
Делегацијата беше составена од претставници на Здружението на бизнис ангели од Турција, предводена од нејзиниот претседател, г-дин.Бајбар Алтунташ, директорот на берзата за хартии од вредност на Истанбул, претставници на Државниот трезор на турската држава и други клучни претставници од областа на бизнисот и претприемништвото. Целта на посетата беше гостите да се запознаат одблиску со економскиот и социјалениот потенцијал во општина Тетово, можноста за инвестирање во нови бизниси (start-up бизниси), како и одблиску да се видат условите за инвестирање и инфраструктурата во Слободната еконмска зона во Тетово.
Целта на овој Меморандум е создавање на партнерства помеѓу Асосијацијата на бизнис ангелите на Турција и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во контекст на проширување на соработката меѓу нив и бизнис заедницата во Македонија, претставена од СКСЗМ.
Двете страни се согласија да се промовира развојот на бизнисот во нивните земји и промовирање на инвестициите меѓу двете земји.
Во овој дух, страните се согласија да споделат информации поврзано со бизнис можностите кои се од интерес за нивното членство. Претседател на СКСЗМ, г-дин.Неби Хоџа, истакна дека овој меморандум, ќе бидат конкретизиран во иднина и дека СКСЗМ стои на располагање со информации и асистенција околу можностите за инвестирање и проширување во нашата земја.
Во рамки на моите овластувања како претседател на СКСЗМ, максимално ќе се ангажирам за остварување на правата и обврските кои произлегуваат од потпишувањето на овој меморандумот за соработка со TBAA, што значи економски раст, инвестиции во креативни идеи и нови работни места – истакна Хоџа.
Comments are closed.