Меморандум за соработка со Советот за заштита на потрошувачите

25 Февруари 2016 – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија денеска потпиша меморандум за соработка со Советот за заштита на потрошувачите на градот Скопје. Советот,  меѓу другото се грижи за развојот на нови односи меѓу потрошувачите и производителите, според тоа, потребно е во прилог на потрошувачите, нивното право да го знаат и производителите или даватели на услуги.

Целта на овој меморандум за соработка е изразувањето на јасен интерес на двете страни за координирање на заедничките активности.

Имајќи го предвид ова, СКСЗМ ја официјализираше соработката, и со тоа ја истакна размената на искуства и знаење од областа на заштитата на потрошувачите и нивните права при користење на услугите, како и подобрување и унапредување на квалитетот на услугите кои што ги нудат истите, а со тоа и зголемување на потрошувачката.

Меморандумот беше потпишан од страна на претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа и Претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, Марјан Додовски.

Со овој меморандум се предвидени и организирање на редовни средби, кои се од особено значење за меѓусебното поврзување на фирмите, Комората и Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, со цел за подобрување на конкурентноста на фирмите, унапредување на деловното опкружување и зголемување на продажбата на услугите на пазарот.

Comments are closed.