Меморандум за соработка со НОРМАК
Стопанската Kомора на Северо -Западна Македонија денес оствари средба со претставници на НОРМАК Инвестмент груп, компанија која управува со индустриската технолошка зона во Тетово.
СКСЗМ и НОРМАК се согласија да ги подобрат и да ја зајакнат меѓусебната соработка со цел да се поддржи бизнисот, економскиот развој во регионот на Северо-Западна Македонија како и создавање на нови работни места, со привлечни услови за инвестирање во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, од страна на членовите и соработниците на Стопанската комора на Северо- Западна Македонија.
Претседателот на СКСЗМ, г-дин Мендерес Кучи во својот говор, меѓу другото, кажа дека Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, има соработувано и досега со НОРМАК, но денес со овој меморандум се формализира оваа соработка, со цел интензивирање на соработката, регионален економски развој, како и намалување на невработеноста. Претседателот на СКСЗМ ги увери присутните дека активно ќе се промовираат можностите за економски инвестиции во Тетово, како и поддршка во идентификување на потенцијални партнерства со локалните компании од редот на членовите на СКСЗМ и пошироко. Според него, СКСЗМ ќе дејствува како механизам за лобирање и промовирање на законодаството за позитивен економски развој, вклучување на специјални економски мерки, со цел подобрување на целокупната економска клима, а особено во создавањето на поволни услови за инвестиции во Тетовската економска зона.
Од НОРМАК, претставена од страна на претседателот г-дин. Аки Етеми, рече дека тие ќе се вклучат во идентификувањето и создавањето на можности за партнерство со странски инвеститори и компании членки на СКСЗМ, со цел да се искористат можностите понудени во рамките на економска зона во Тетово. НОРМАК ќе придонесе активно и во вклучувањето на компаниите членки на СКСЗМ во мрежата на добавувачи за компании кои имаат капацитети за производство во рамките на економска зона во Тетово.
Исто така за време на состанокот, компанијата Даути Комерц, како еден од идните инвеститори во оваа зона, има потпишано договор за соработка со групацијата НОРМАК.
Comments are closed.