Меморандум за соработка со АХВ на РМ

  Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на 26 Март 2014 година одржа состанок со Агенцијата за Храна и Ветеринарство на Република Македонија, и по тој повод истотака се потпиша и меморандум за соработка.

  Meморандумот е потпишан меѓу претставникот на Агенцијата, директорот г-дин Дејан Рунтески и претседателот на СКСЗМ г-дин Мендерес Кучи. 

  Меморандумот е со цел воспоставување меѓусебни релации кои произлегуваат од надлежностите на двете институции и согласно потребите на стопанството, со цел да се изгради поефикасен и поефективен систем на безбедност и квалитет на храна. Имплементација на прописите кои се однесуваат на безбедност на храната од страна на бизнис заедницата, а во функција на производство на квалитетни и безбедни производи, договорните страни се согласни целта на овој Меморандум да ја реализираат  преку преземање заеднички активности за обука и едукација на бизнис заедницата.

Comments are closed.