Меморандум за соработка меѓу СКСЗМ и УЈИЕ
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, на 5 мај 2013 година, во Центарот за развој на бизнисот, потпишаа меморандум за соработка.
Начелно, ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика ги поздрави учесниците и истакна дека го започнуваме месецот со еден убав настан, како што е потпишувањето на овој меморандум и додаде дека е убеден во ефективноста на неговото спроведување.
Претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, г. Мендерес Кучи, рече дека овој меморандум ја официјализира соработката која и порано постоела меѓу СКСЗМ и УЈИЕ.
Посебните области на соработка опфаќаат, но не остануваат ограничени само со ова:
– Странките ќе се помагаат меѓусебно во случаи на организирање на различни настани како саеми, инфо канцеларии, Б2Б, презентации, форуми, семинари, конференции и други активности каде ќе се промовира бизнисот, како и економската соработка;
– Странките ќе ги подржат бизнис контактите меѓи нивните членови, како и посетите на делегациите од други земји, што ќе влијае во промоција и во поддршка на организациските способности и во спроведување на програмите за кои се согласиле претходно заинтересираните претпријатија;
– Странките, за подобрување на условите за бизнис, како и постојано зголемување на соработката меѓу нив, можат да аплицираат заедно на меѓународни проекти. За реализација на меѓусебни проекти меѓу странките, странките можат да разменат соработници и експерти од соодветни области;
– Странките ќе соработуваат и во областа од студиската интегрирана програма со практиката во бизнисите членки на СКСЗМ, овозможувајќи им на стдуентите реализација на практичната работа во нашите компании членки;
– Двете странки се согласија да именуваат по еден претставник од нивните организации кои ќе бидат одговорну да ја координираат врската меѓу нив, како и да разменат членови на нивниот персонал со цел промоција и соработка според потребите;
УЈИЕ, веќе неколку години има плодна соработка со СКСЗМ и особено со компаниите кои се членки на Комората. Денес, исто така, е потпишан догово0р за соработка и со компаниите Даути Комерц, НД Балкан, Алма-М, Везе Шари и Вестерн Унион, за олеснување на вршење на практичната работа на студентите во овие компании, како и нивно вработување.
Comments are closed.