Манифестација „Денови на Чаршијата„

22 Oктомври 2016 – Во организација на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и во соработка со Македонско-Бугарската Стопанска Комора и со поддршка на Министерството за Економија и Општина Чаир, се одржа по трет пат манифестацијата “Ќебапот – Чаршиски бисер и соживот” со цел  преку бизнис проекти и културни активности да се врати животот во една од најавтентичните области на главниот град – Скопската Чаршија.

Во својот говор претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа рече дека уште од единаесеттиот век, кога беа поставени темелите на чаршијата, тука се вкрстуваат култури и цивилизации, религии и традиции, и е жив доказ за функционирањето на мултикултурализмот во нашата земја. Старата Скопска Чаршија е срцето на општина Чаир и највиталниот дел од економски аспект. Тука се создаваат најважните економски активности во општината и затоа поддршката на занаетите и охрабрување на младите да се занимаваат со занает мора да биде наш приоритет.

Од Општина Чаир посочија дека се преземени низа активности со кои на Старата Скопска
Чаршија ќе и се даде нова модерна димензија. Таа била и треба да биде во центарот на економскиот и социјалниот живот и дека овој настан е продолжение на сите нивни активности за чаршијата.

Идеите кои што ќе ги реализираме ќе бидат огледало на она што денес го ветуваме. Ние веруваме дека на соживотот и добрососедските односи, кои биле и се во балканскиот регион ќе им дадеме поголем интензитет “, вели Зоре Темелковски, Претседател на Македонско-Бугарската Стопанска Комора.

Министерот за Економија, Дритон Кучи истакна дека заедно со Општина Чаир го спроведуваат проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата Скопска Чаршија и во моментов се работи на евалуација и избор на останатите локали за кои Министерството има потпишано договор со Еснаф во износ од 6 милиони денари.

Претседателот на Косовската Бизнис Алијанса Агим Шахини, исто така, ги поздрави присутните и изрази честитки до организаторите на овој настан со желба дека сите активности во рамките на истиот ќе придонесат кон подлабоки пријателства и посилна бизнис соработка која што на Старата Скопска Чаршија ќе и ја врати виталноста.

По поздравните говори сите гости се прошетаа низ чаршијата да го вкусат ќебапот-традиционален белег на регионот и чаршиите од познатите скопски ќебапчилници Дестан, Пчела,Турист и Темов на кои што им споделија и плакети. За време на посетата беа презантирани и реновираните продавници од страна на Министерството за Економија на РМ.

photo-2photo-1 photo-3photo-7 photo-4 photo-5 photo-6 photo-8

Comments are closed.