Македонско-естонски бизнис форум
Mинистерот за економија Ваљон Сараќини, заедно со министерот за економски развој и комуникција на Естонија, Јухан Партс го отворија македонско-естонскиот бизнис форум, кој се реализираше во рамки на првата официјална посета на Република Македонија од страна на државна и бизнис делегација од Естонија.
Министрите, пред почетокот на форумот, одржаа билатерална средба, на која беа презентирани македонските можности за инвестирање во делот на енергетиката, туризмот, минералните суровини, ИТ секторот.
На форумот беа претставени инвестициски проекти, особено во делот на енергетиката, минералните суровини и туризмот, како и реформите што Владата ги има веќе направено во насока на подобрување на инвестиционата клима во земјата.
„Би сакал да ја нагласам можноста за соработка помеѓу естонските и македонските институции и претпријатија во форма на партнерства при аплицирање на отворените повици од Рамковната Програма за Конкурентност и Иновации (ЦИП) 2007-2013, во подпрограмите за Претприемништво и иновации и Интелегентна енергија на Европа, но исто така предложив и формирање на билатерално експертско тело, коешто ќе ги следи ЕУ-повиците за аплицирање на ЕУ-програмите, со цел креирање на заеднички проекти, пред сé во областа на транспортната и енергетската инфраструктура, заштитата на животната средина, туризмот и унапредување на прекуграничното движење на стоките“, рече министерот Сараќини .
Покрај Б2Б средбите меѓу македонските и естонските стопанственици, естонската бизнис делегација ќе има можност за неколкудневен престој во Македонија, запознавање со условите за работа во Република Македонија и посета на неколку деловни субјекти и капацитети.
Comments are closed.