Македонскиот амбасадор во Косово имаше средби со косовските компании

  Амбасадорот на Република Македонија во Република Косово, г-дин. Карајанов имаше директни средби со сопствениците на неколку компании од Косово.

 
   – Средба со Беџет Пацоли, сопственик на компанијата MABETEX, кој покажа интерес за инвестирање во Република Македонија, за изградба на луксузен хотел и конгресен центар. Во врска со ова прашање се организираше средба со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и министерот за надворешни работи, Миле Јанакиевски.
  – Средба со сопственикот на компанијата ELKOS, која е истотака заинтересирана за инвестирање во Република Македонија. Беше организирана средба со Виктор Мизо (Агенцијата за странски инвестиции), како и неколку средби со градоначалникот на Штип, со кој постигнаа договор за реализација на инвестицијата.
  – Амбасадорот имаше средба и со сопственикот на компанијата DEVOLLI. Оваа компанија бара средба со претставници на Агенцијата за странски инвестиции во Република Македонија, за отворање на Центарот за хомологација на возилата. Се предвидува дека оваа инвестиција ќе чини околу 4 милиони евра, со 40 нови можности за вработување.
  – Амбасадорот Карајанов имаше средба и со претставници на компаниите АЛ Петрол и ПЕТРОЛ Компани, кои се заинтересирани за отворање на бензински пумпи во Република Македонија.


Comments are closed.