Лансирање на интерактивната веб-страна на Проектот

_MG_7361_1_936305532

Во присуство на повеќе од 80 бизнисмени, за време на изборнoтo Собранието на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, беше презентиран проектот ”Заштита натрговските марки на производите од прекугранична соработка” кој се реализира во партнерство со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералниот директорат за патенти и трговски марки на Република Албанија во рамките на 3-ти повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, програмата ИПА 2007-2013, финансиран од Европската унија.
Проектот го презантираше, Мируше Џеладини, координатор на проектот. Беа претставани во детали целите, активностите, целните групи и очекуваните резултати од проектот.
Учесниците беа запознаени и со интерактивната веб-страница на проектот www.cbcprotectmark.org, преку која во повеќе детали претприемачите може да се запознаат со процедурите за заштита на нивниот бренд.

Comments are closed.