Конференција: Управување со јавните финансии и економскиот раст
02 април 2018 – Претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Неби Хоџа, денеска учествуваше на одбележувањето на првиот ден од одобрувањето на Првиот буџет на Република Македонија на 2 април 1992 година. По тој повод, Министерството за финансии ја организираше Првата годишна конференција на тема “Управување со јавните финансии и економскиот раст – комплементарна или конфликтна” на која се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за финансии, Драган Тевдовски, директор на Светската банка за Западен Балкан , Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер и поранешни министри за финансии на Република Македонија.
Обележувањето на овој ден претставува силен државен континуитет и признавање на работата на државните финансиски институции, и покрај политичките и објективните проблеми преку кои Република Македонија помина низ изградба на демократски институции.
На првиот панел се дискутираше за “Добро преструктуирање на буџетот, поставување на правила, зголемување на транспарентноста”, каде што главен говорник беше Линда Ван Гедер од Светската банка со премиерот Заев и министерот Тевдовски. Во втората панел дискусија “Предизвици за финансиска политика во Македонија, еднаш и денес”, панелисти беа поранешни министри за финансии, академик Таки Фити, Петар Гошев, Никола Поповски и Трајко Славевски.