Конференција: Можности и предизвици за рециклирање на текстилниот отпад.

29 Jуни 2017 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со ЕПИ Центар, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на Македонија во рамките на проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива” денес ја организираа конференцијата TexRec –  Можности и предизвици за рециклирање на текстилниот отпад.

Вчера во Штип, и денес во Скопје, претставниците на компании има можност да се запознаат со обемот на отпад од текстил во Македонија и моменталниот процес на раздолжување во однос на регулативите за привремен увоз, каде меѓу другото се разгледаа и техничките аспекти на рециклирање на текстилниот отпад и можностите  за нови производи и последиците за индустријата.

Истотака, проследувајќи ги најдобрите искуства и кај нас, беа презентирани европските практики на царински третман на отпад од привремен увоз и потекло на рециклираните производи, сето ова во споредба со обемот на текстилен отпад во Македонија и неговото влијание врз животната средина.