Конференција “Како до поголем извоз”
Целта на денешната конференција е преку дијалог со бизнис заедницата да разговараме за слабостите од минатата година, но и за тоа што не очекува во идниот период. Како Влада се трудиме да им дадеме поддршка на компаниите да го зголемат извозот, а денеска очекувам да разговараме за нови идеи, за барање нови пазари, за подобрување на конкурентноста на нашите компании и за создавање брендови, изјави Сарачини пред почетокот на Конференцијата.
Извозот покажува колку е развиено нашето стопанство и колку може да конкурира на останатите. Со тоа не можеме да се пофалиме, но без да има дијалог како денешниов не можеме ништо повеќе да постигнеме. Ќе разговараме за работите што може да ги направи Владата за нејзините економски политики да ги насочи кон подобрување на извозот, рече претседателот на СКСЗМ Кучи.
Не бараме да имаме пониска цена на енергенсите од регионот, но да бидеме конкуренти. Во инфраструктурниот дел бараме да се овозможи нашите производи по најкраток можен пат да излегуваат на пазарите. Посебен акцент треба да се даде на регионалниот пазар каде можеби на некој начин сме конкурентни, но сепак има можност нешто да се направи за да се подобри извозот и конкурентноста, потенцира Кучи.
Comments are closed.