Консултативен состанок со претставници на ДУИ

30 Март 2016 – Во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за јуни 2016 година, Стопанска комора на Северо – Западна Македонија(СКСЗМ) го започнува процесот на консултации со политичките партии за нивните економски платформи. Консултациите се фокусирани на прашањата поврзани со економскиот развој и финансии, кои во принцип се сектори што овозможуваат соодветен развој на бизнисот во Македонија.

Денес,  во просториите на Стопанска комора на Северо – Западна Македонија се одржа состанок со претставниците на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ).

Предизвиците со кои се соочува деловниот сектор, особено нашите бизниси , се бројни. Ниту еден од овие предизвици во различни сегменти на општеството не може  индивидуално да одговори соодветно, заради тоа,  СКСЗМ  како релевантен  актер во областа на економскиот развој и подобрување на бизнис климата, се обидува да ги артикулира и справи со проблемите за нивно долгорочно решение. Клучните принципи што според нас треба да ги има секоја политичка партија во својата економската програма се: транспарентност и отчетност, намалување на нееднаквоста во регионалниот развој, напуштање на митот за евтина работна сила, нови мерки за зголемување на вработеноста и  подготвување на економска  платформа за одржлив економски развој и раст на БДП над 4 %, истакна потпретседателот на СКСЗМ, Менди Ќира.

Присутни беа повеќе од 30 компании-членки на СКСЗМ,  Фатмир Бесими – координатор на Секторот за изборна програма,  претставници од секторот за Економија и финансии, Информатичка технологија и телекомуникации, Странски инвестиции, Туризам, Енергетика и Транспортниот сектор.

Во изминатите 10 години, анализите на СКСЗМ покажуваат дека економските планови на владеачката коалиција во голема мера не успеваат да постигнат резултати како што треба, односно само мал процент од нив се реализираа. Затоа, мислиме дека е важно  политичките партии да ги стават на прво место реалните проблеми со кои се соочува бизнис заедницата.

Comments are closed.