Компании од Турција во посета на СКСЗМ

  Една група на бизнисмени од Турција, предводена од страна на Здружението на бизнисмени од Косово денеска ја посети Стопанската комора на Северо-западна Македонија.
    Целта на средбата беше овие бизнисмени поблиску да се запознаат со работата на СКСЗМ, активностите и услугите кои ги нуди на своите членови. 
  За време на средбата двете страни изразија интерес за соработка и СКСЗМ ги претстави поволностите кои ги нуди Македонија на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнисот, со цел да се зголемат можностите за размена и кономска и трговска соработка во областа на инвестициите.

Comments are closed.