Компаниите членки на град Струга одржаа работна средба со Управата за јавни приходи – Разговараат за подобрување на даночните услуги
12.08.2024 година, Струга – Во просториите на компанијата членка Трим и Лум во Струга, се одржа средба помеѓу компаниите членки на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) и високи претставници на Управата за јавни приходи (УЈП). Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја поздрави оваа иницијатива на УЈП, оценувајќи ја важноста на продлабочување на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за гарантирање на економската стабилност и одржлив раст.
На средбата нашироко се разговараше за одредбите од Законот за регистрација на готовинските плаќања, Законот за данокот на додадена вредност и Законот за персоналниот данок на доход. Се разговараше и за услугите што ги нуди УЈП, со цел да се подобрат овие услуги и да се прилагодат на потребите на бизнис заедницата. Со тоа ќе се овозможи полесен и поефективен пристап до совети и информации преку одговорните лица од УЈП, кои се во служба на бизнисите.
Компаниите-членки на СКСЗМ разговараа за најновите промени во даночната легислатива и нивното влијание врз деловниот сектор, контролите и инспекциите, даночните поттикнувања и слично, на тој начин ценејќи дека решавањето на овие теми може да помогне во градењето силна и взаемна соработка за економската благосостојба.
Г-дин Зекири во својот говор ја истакна важноста од стратешки фокус од страна на УЈП за борбата против неформалната економија и намалување на нејзиното ниво. Исто така, бидејќи Северна Македонија има најголем придонеси во регионот, г. Зекири ја спомена и долгогодишната иницијатива на СКСЗМ за зголемување на минималната плата на 30.000 денари и намалување на придонесите на 32%, со што ќе ја задржиме работната сила во земјава, со оглед на статистиката која покажува масовно заминување на младите.
СКСЗМ останува посветена на промовирање на плоден дијалог и блиска соработка помеѓу приватниот сектор и државните институции, потенцирајќи ги постоечките предизвици и создавање поволна средина за понатамошен развој на економијата.