Компаниите да аплицираат за проекти за еко иновации
Од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ги охрабруваат домашните компании да аплицираат на овие програми. Рециклирање и зелена економија, одржливи градежни материјали, сектор на храна и пијалаци се областите кои се приоритет за финансирање од страна на Европската комисија.
Мината година од Македонија за проекти од областа на еко иновациите аплицирале 5 компании, но ниту една не добила средства. Најмногу компании аплицирале од Италија и Шпанија, а Хрватска забележала голем прогрес.
Важно е дека со оваа програма еко иновации се финансира 50% од проектитe, за 2012 година одвоени се 34, 5 милиони евра. Се очекува да бидат одобрени 40 до 45 проекти. 40 милиони евра лани имаше одвоено, овие средства се достапни на сите земји членки, аплицирањето е електронски.
Comments are closed.