Комисија за јавно-приватен дијалог

Почитувани членки на СКСЗМ,

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија од јули ќе претседава со Комисијата за јавно-приватен дијалог меѓу стопанските комори и Владата на Република Северна Македонија.

Комисијата за јавно приватно партнерство беше формирана како одговор на потребите и барањата за претставување на компаните во преговорите со Владата на Република Северна Македонија за подобрување на бизнис климата и учество во процесот на донесување нови законски решенија и примена на подобри решенија  за постојните закони кои се однесуваат на компаните.

СКСЗМ ќе претседава со Комисијата шест месеци, односно до крајот на 2019 година. Четирите најголеми комори во земјата, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, Стопанска Комора на Македонија, МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори, се приклучија на заедничката платформа за јавно-приватниот дијалог.

Со раководството на оваа Комиција, СКСЗМ, заедно со другите партнери, ќе овозможи гласот на деловната заедница да биде слушнат од страна на релевантните институции. За време на претседавањето со комисијата, се закажани две средби со министрите на Владата на Република Северна Македонија, со изготвени документи за политики врз основа на идентификувани проблеми со компаниите. Затоа, СКСЗМ ги повикува своите членови, проблемите со кои се соочуваат компаните со законска регулатива да бидат упатени кон СКСЗМ, при што овие проблеми потоа ќе бидат развиени во документи за политики и испратени до релевантните институции.

Сите ваши проблеми можете да ги напишете на нашиот e-mail: info@oemvp.org.

Ви благодариме за соработката!

Со почит,

СКСЗМ