Карaванот на СКСЗМ денеска започна со посета на бизнисите во Гостивар

13 Aприл 2017  – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за да биде поблиску до бизнисите од 2012 година секоја година го организира “Караванот на Комората”, при што преку остварување на директен контакт со бизнисите одблиску се запознава со проблемите на нејзините компании членки со кои тие се соочуваат за време на вршење на нивната дејност.

Оваа година по шестти пат караванот започна во Гостивар, каде што беа присутни компании од овој регион. Компаниите дискутираа за бројните предизвици и проблеми со кои се соочуваат во текот на нивната работа, додавајќи дека деловната клима во Македонија не се создава добри услови за бизнис, и сите пречки со кои се соочува бизнисот, а не разгледани навремено од страна на надлежните органи, го прават уште потешко нивното работење.

На овој состанок се презентираа активностите на Комората, вклучувајќи го финансискиот и годишниот извештај за 2016, како и публикациите на Комората, правниот информатор ЈУРИС, економскиот информатор ЕCONOMICUS и информаторот за можностите за финансирање ДОБИВКА.

Покрај услугите на СКСЗМ, компаниите беа информирани за различните можности за користење на алтернативни начини за финансирање во форма на неповратни грантови и други можности за финансирање, за кои што компаниите од Гостивар посочија дека немаат пристап до информации.

На оваа средба претседателката на Групацијата на бизнис жени при Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Гзиме Фејзи, ги презентираше активностите и плановите на групацијата, како и другите можности за подобрување и зајакнување на положбата на жените и поддршка на женското претприемништвото во целина, каде што беше нагласено дека само 5% од албанските бизниси се менаџирани од страна на жените.

Наредниот состанок со бизнисите ќе продолжи следната недела во Kуманово на 18 Април 2017.