Карaванот на СКСЗМ во Струга

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и оваа година продолжи со својата активност во рамките на Карaванот на СКСЗМ, и овој пат почнаа со средба во градот на Струга.

 Средбата се одржи на 24 Февруари 2014 во ресторант “Амбиенти“ во Струга, каде беа присутни околу четириесет компании од Струшкиот регион, членки на СКСЗМ, но и тие кои изразија подготвеност за членство.

Меѓу точките на дискусијата  во време на средбата беше членувањето на новите компании во СКСЗМ, стимулација на диаспората за инвестирање во општина  Струга и проблемот на урбанизмот во општината на Струга. Претседателот на СКСЗМ, Мендерес Кучи, истакна дека Комората од ден на ден се претвора во клучен фактор и растот на членството ќе придонесе околу решавање на многу проблеми кои се соочуваат компаниите во своето работење. 

Извршниот директор на СКСЗМ, Арбен Халили, ги истакна услугите кои ги нуди Комората за нејзините членки, можностите за членките да контактираат со различни компании во време на средбите Б2Б и нејзиното презентирање во различни саеми, како во земјата така и во странство. 

 Од дискусијата, како предлог на компаниите дојде и отворање на локална канцеларија во Струга, каде во едно место, компаниите ќе можат да ги изразат потребите и нивните проблеми. Така преку кординатор во општината, тие ќе се доставуваат до Комората и ќе се приближуваат услугите на Комората поблиску до компанииве.

  Исто така, во тек на средбата се дискутираше и за урбанизмот и други проблеми кои се соочуваат компаните во своето работење во Општина Струга. Се предложи дека во наредната средба да се покани градоначалникот на општината, и преставници на различни државни институции. 

Comments are closed.