Карванот на СКСЗМ
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во Хотел Дипломат, Струга се сретна со членовите на Комората од овој регион.
Состанокот беше отворен од страна на извршниот директор, г-дин Агрон Арслани, кој ја истакна важноста на членовите, кои овозможија СКСЗМ да стане релевантен и влијателен фактор во Република Македонија и во регионот. Тој, исто така, ги презентираше работните резултатите за 2014 и плановите за 2015 година.
Членовите беа информирани за новата избрана организациона структура на СКСЗМ и разговараа за актуелните прашања во земјата. На крај се одржа презентација на тема “Мобилизација на средства за фирмите”, со што бизнисмените беа информирани за алтернативниот пристап на фондови и финансиските можности за развој и инвестиции.
Comments are closed.