Карванот на СКСЗМ продолжува, денес во посета на компаниите во Гостивар!
28 Aприл 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија продолжува со Карванот, и денес ги посети компаниите во Гостивар, каде што беа присутни над 30 компании од овој регион.
СКСЗМ секоја година организира состаноци со компаниите, каде што се дискутира за конкретните проблеми со кои се соочуваат стопанствениците, како што е патната инфраструктура во руралните средини, дивите депонии и проблемите со снабдувањето со електричната енергија.
На овој состанок, извршниот директор Фатмир Битиќи ги презентираше активностите на Комората како и услугите што СКСЗМ ги нуди на своите членки.
И Групацијата на Бизнис Жени при СКСЗМ, пред присутните ги презантираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи, со конкретни предлози за подршка на женското претприемништво.Наредниот состанок со бизнисите ќе продолжи на 04 Мај 2016 (Среда) во Хотел Мираж во 12:00 часот во Струга.
Comments are closed.