Карванот на СКСЗМ денеска започна со посета на бизнисите во Куманово

08 Aприл 2016  – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за да биде поблиску до бизнисите од 2012 година секоја година го организира “Караванот на Комората”, при што преку остварување на директен контакт со бизнисите одблиску се запознаваме со проблемите на нашите компании членки со кои тие се соочуваат за време на вршење на нивната дејност.

Оваа година караванот започна во Куманово, каде што беа присутни околу 30 компании членки на СКСЗМ и другите компании кои што изразија подготвеност за зачленување. На овој состанок, извршниот директор Фатмир Битиќи ги презентираше активностите на Комората, вклучувајќи го финансискиот и годишниот извештај за 2015, портфолиото на услугите што ги нудиме, меѓу другото и можностите за застапување пред државните и меѓународните институции, како и артикулација на интересите и потребите на нашите членки пред владата.

Пред членките беа презентирани и новите публикации на Комората, правниот информатор ЈУРИС, економскиот информатор ЕCONOMICUS и информаторот за можностите за финансирање ДОБИВКА.

СКСЗМ малите и средните претпријатија ги смета како генератор на економскиот развој и затоа цели кон тоа да се запознае со нивните проблеми и да ја идентификува секоја можност за подобрување на климата за бизнисите што ги претставува.

Наредниот состанок со бизнисите ќе продолжи следната недела во Тетово.

IMG_7157

IMG_7160

IMG_7156

IMG_7154

IMG_7152