Карванот на СКСЗМ денеска ги посети бизнисите во Тетово
15 Aприл 2016 – За да го слушне гласот на бизнисите и да се запознае со проблемите на нашите компании членки со кои тие се соочуваат за време на вршење на нивната дејност, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, денес ги посети компаниите во Тетово.
На средбата, пред повеќе од 40 компании извршниот директор на СКСЗМ Фатмир Битиќи ги презентираше активностите на Комората, вклучувајќи го финансискиот и годишниот извештај за 2015, портфолиото на услугите што ги нудиме, меѓу другото и можностите за застапување пред државните и меѓународните институции, како и артикулација на интересите и потребите на нашите членки пред владата.
Пред членките беа презентирани и новите публикации на Комората, правниот информатор ЈУРИС, економскиот информатор ЕCONOMICUS и информаторот за можностите за финансирање ДОБИВКА.
Истотака, на средбата претседателот на Групацијата на Бизнис Жени при Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Гзиме Фејзи ги презантираше активностите и плановите на Групацијата, како и можностите за јакнење на позицијата на жената во светот на бизнисот.
Наредниот состанок со бизнисите ќе продолжи следната недела во Скопје.
Comments are closed.