Карванот на СКСЗМ денеска во Скопје
21 Aприл 2016 – По средбите во Куманово и Тетово, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, денес ги посети компаниите во Скопје каде дискутираа за теми од зеднички интерес во врска со подобрувањето на бизнис климата во општина Скопје и пошироко.
На средбата, пред повеќе од 40 компании, извршниот директор на СКСЗМ Фатмир Битиќи ги презентираше сите активности на Комората, меѓу другото и придобивките на компаниите при зачленување во СКСЗМ.
СКСЗМ малите и средните претпријатија ги гледа како генератор на економскиот развој и затоа има за цел да се запознае со нивните проблеми и заедно да ги разгледаат можностите за подобрување на климата за бизнисите кои што ги претставува. Комората има за цел да ја промовира позитивна бизнис клима, и заштита на интересите на бизнисот во општо, со посебен акцент на женското претприемништво.
Наредниот состанок со бизнисите ќе продолжи следната недела во Кичево (Ресторан Арабела, 26 Април 2016 – 11:00 часот) и во Гостивар (Ресторан Ројал, 28 Април 2016 – 11:00 часот).
Comments are closed.