Карванот на СКСЗМ во Струга
04 Мај 2016 – Во рамките на Карванот на СКСЗМ, денес Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за да биде поблиску до бизнисите ги посети компаниите во Струга.
На овој состанок, извршниот директор Фатмир Битиќи ги презентираше активностите на Комората, вклучувајќи го финансискиот и годишниот извештај за 2015, портфолиото на услугите што ги нудиме, меѓу другото и можностите за застапување пред државните и меѓународните институции, како и артикулација на интересите и потребите на нашите членки пред владата.
Пред членките беа презентирани и новите публикации на Комората, правниот информатор ЈУРИС, економскиот информатор ЕCONOMICUS и информаторот за можностите за финансирање ДОБИВКА. СКСЗМ малите и средните претпријатија ги смета како генератор на економскиот развој и затоа цели кон тоа да се запознае со нивните проблеми и да ја идентификува секоја можност за подобрување на климата за бизнисите што ги претставува.
Comments are closed.