Средбата се одржа на 15 Мај 2014 година во просториите на Тетовскиот Државен Универзитет во Тетово, каде што беа присутни компаниите од тетовскиот регион, членки на СКСЗМ, но исто така и оние кои изразија подготвеност за членство.
Состанокот го отвори претседателот на Комората, г-дин Мендерес Кучи, кој ја истакна важноста на нашите членови, со чија помош СКСЗМ стана релевантен и влијателен фактор во Република Македонија и во регионот. Резултатите за 2013 и плановите за 2014 година на СКСЗМ, беа презантирани од страна на извршниот директор, г-дин Арбен Хаљиљи.
Исто така, се дискутираше за различни проблеми со кои се соочуваат нашите компании за време на нивниот бизнис. Директорот на СКСЗМ, информираше за работата, достигнувања и понатамошните планови на комората, додавајќи дека СКСЗМ е рамноправен партнер на стопански комори во Македонија и во странство.
