Караванот на СКСЗМ во Тетово
11 Мај 2017 – Со денешната средба со компаниите од Teтово, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја оддржа и последната средба со компаниите во рамките на шесттиот Караван на СКСЗМ во периодот Април – Maј 2017, каде што ги посети бизнисите во различни градови од Македонија (Гостивар, Куманово, Кичево, Струга, Скопје, Битола и Дебар) и одблиску беа запознаени со проблемите со кои се соочуваат членовите во текот на нивната на работа.
На овие состаноци, пред повеќе од 150 компании, беа презентирани активностите на Комората, вклучувајќи го годишниот извештај за 2016 година и финансискиот извештај, планот на активностите за 2017 година, како и портфолиото на услугите кои што СКСЗМ ги нуди, меѓу другото можностите за застапување пред домашните и странските институции, како и артикулирање на интересите или потребите на нашите членки. Пред бизнисите беа претставени и изданијата на комората како што се правниот информатор Јурис, економскиот информатор Economicus, како и информаторот за можностите за финансирање Добивка.
Комората секоја година го организира караванот со средби со компании и заедно разговараат за можностите за решавање на проблемите со кои се соочуваат бизнисите од Дебар, како што се проблеми со патната инфраструктура во руралните средини и не превземање активности за изградбата на Патот на Арбер и недостатокот на царински терминал. Проблемот со дивите депонии и услугите поврзани со снабдувањето со електрична енергија во деловните објекти и долгите бирократски процедури во институциите се проблеми кои што го посочија компаниите во Гостивар и во регионот на Тетово.
За компаниите од Кичево загрижувачка е политиката на дискриминација на домашните инвеститори, со која се фаворизираат странските компании, повикувајќи се и на тековниот проблем со заминувањето на младите кадри во странство, проблем што го има и во регионот на Битола и Струга, кој влијае на стабилноста на малите бизниси, кои имаат тешкотии во функционирањето, земајќи ги предвид и огромните парични казни од страна на државните институции.
На сите состаноци СКСЗМ ја нагласи својата посветеност кон напорите за олеснување на бизнис климата и заедно дискутираа за идеи за тоа како дополнително да се зголеми соработката и поддршката на овие бизниси.
Предизвиците со кои се соочуваат компаниите се многубројни, и ако се земе предвид и деловната клима во Македонија која не создава поволни услови за бизнис, функсионирањето на бизнисот станува уште потешко.
Комората има за цел да ја промовира позитивната бизнис клима, како и заштита на бизнис интересите во општо, особено за новите бизниси и оние кои се водени од жени. На овие средби, Групацијата на Бизнис Жените при Стопанската комора на Северо-Западна ги претстави активностите и плановите на групацијата, како и другите можности за зајакнување на позицијата на жените во бизнисот и за поддршка на женското претприемништвото.
Караванот на СКСЗМ оваа година беше оддржан по шестти пат и ќе продолжи секоја година да ги посетува членовите и одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат и различните можности со кои што може да им се помогне.