Караванот на СКСЗМ во Скопје

  Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија продолжува со активноста Караванот на СКСЗМ. Денес, 30 мај 2013 година, во Скопје, се одржа средба со нејзините членки во овој град. Средбата се одржа во хотелот Њу стар, со почеток во 11:00 часот.

  Средбата ја отвори претседателот на Комората, г. Мендерес Кучи, кој рече дека СКСЗМ работи со полн капацитет заедно со политичкиот фактор во земјата, надевајќи се дека заедно ќе го поминеме продолжениот процес на Македонија во транзицијата. Понатаму, тој ја истакна важноста на нашите членки, потенцирајќи дека колку повеќе членки имаме, толку повеќе се зајакнува СКСЗМ, станувајќи релевантен фактор и со влијание во земјата, и дека „членките се нашара сила“.

  Додека, пзаменик-извршниот директор, г. Арбен Халили, ги презентира резултатите за 2012 година и плановите за 2013 година на СКСЗМ. По презентацијата, претседателот пред компаниите и можностите за соработка со општините и потпишаните меморандуми со нив, додавајќи дека иако СКСЗМ излегува во јавноста со различни ставови од владата, ова не значи дека има непријателство со власта, туку само дека ги брани интересите на бизнисот и нејзините членки. Исто така, и соработката со меѓународните и домашните компании, беше тема на дискусијата, бидејќи Комората верува во потенцијалот на локалните и регионалните компании.

  На крај, беше дискутирано и околу различните проблеми со кои се соочуваат нашите компании во текот на нивното работење, разменувајќи искуства и сугестии за нивно решавање.

  Наредната средба ќе се одржи во Кичево (Ресторан Арабела, во 10:30 часот) и во Струга (ресторан Ројал, во 13:00 часот) на 1 јуни 2013 година (сабота).