Средбата се одржа на 10 Април 2014 година во просториите на компанијата Темпо Профили 99 во Скопје, каде што беа присутни компаниите од скопскиот регион, членки на СКСЗМ, но исто така и оние кои изразија подготвеност за членство.
Состанокот го отвори претседателот на Комората, г-дин Мендерес Кучи, кој ја истакна важноста на нашите членови, со чија помош СКСЗМ стана релевантен и влијателен фактор во Република Македонија и во регионот. Резултатите за 2013 и плановите за 2014 година на СКСЗМ, беа презантирани од страна на извршниот директор, г-дин Арбен Хаљиљи.
Исто така, се дискутираше за различни проблеми со кои се соочуваат нашите компании за време на нивниот бизнис. Директорот на СКСЗМ, информираше за работата, достигнувања и понатамошните планови на комората, додавајќи дека СКСЗМ е рамноправен партнер на стопански комори во Македонија и во странство.
