Караванот на СКСЗМ во Дебар

  Средбата се одржа на 06 Јуни 2014 година во просториите на хотелот Венец во Дебар, каде што беа присутни компаниите од тетовскиот регион, членки на СКСЗМ, но исто така и оние кои изразија подготвеност за членство.
     Состанокот го отвори извршниот директор г-дин Арбен Хаљиљи кој ја истакна важноста на нашите членови, со чија помош СКСЗМ стана релевантен и влијателен фактор во Република Македонија и во регионот, истотака беа презантирани и резултатите за 2013 и плановите за 2014 година на СКСЗМ.
    Се дискутираше и за различни проблеми со кои се соочуваат нашите компании за време на нивниот бизнис.  Директорот на СКСЗМ, информираше за работата, достигнувања и понатамошните планови на комората, додавајќи дека СКСЗМ е рамноправен партнер на стопански комори во Македонија и во странство.