Караванот на СКСЗМ во Дебар

12 Мај 2016  – Со денешната средба со компаниите од Дебар, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја оддржа и последната средба со компаниите во рамките на Караванот на СКСЗМ во периодот Април – Maј 2016, каде што ги посети бизнисите во различни градови од Македонија и одблиску беа запознаени со проблемите со кои се соочуваат членовите во текот на нивната на работа.

На овoј состанок од страна на извршниот директор, г-дин Фатмир Битиќи беа презентирани активностите на Комората, вклучувајќи го годишниот извештај за 2015 година и финансискиот извештај, како и портфолиото на услугите кои што ги нудиме, меѓу другото можностите за застапување пред домашните и странските институции, како и артикулирање на интересите или потребите на нашите членки. Пред бизнисите беа претставени и нови изданија на комората како што се правниот  информатор Јурис, економскиот информатор Economicus, како и информаторот за можностите за финансирање Добивка.

Комората секоја година го организира караванот со средби со компании и заедно разговараат за можностите за решавање на проблемите со кои се соочуваат бизнисите од Дебар, како што се проблеми со патната инфраструктура во руралните средини и не превземање активности за изградбата на патот на Арбер и недостатокот на царински терминал.

Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа,  ја нагласи неговата посветеност кон напорите за олеснување на бизнис климата и заедно дискутираа за идеи за тоа како дополнително да се зголеми соработката и поддршката на овие бизниси.

Освен за новите услуги на комората, СКСЗМ компаниите ги информираше за различните можности за користење на алтернативните средства во форма на грантови и други можности за финансирање, што за компаниите од Дебар беше проблем пристапот до вакви информации.

Комората има за цел да ја промовира позитивната бизнис клима, како и заштита на бизнис интересите во општо, особено за новите бизниси и оние кои се водени од жени. На овие средби, претседателот на Групацијата на Бизнис  Жените при Стопанската комора на Северо-Западна, Македонија, г-ѓа Гзиме Фејзи ги претстави активностите и плановите на групацијата, како и другите можности за зајакнување на позицијата на жените во бизнисот и за поддршка на женското претприемништвото.

Караванот на СКСЗМ оваа година беше оддржан по петти пат по ред, и ќе продолжи секоја година да ги посетува членовите и одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат и различните можности со кои што може да им се помогне.

 

Comments are closed.